Спортски камп
Неколку причини зошто е добра посетата на кампови:
➤Прво и можеби најбитно, СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА. Во денешно време каде преовладува технологијата, децата многу често поминуваат време забавувајќи се на своите таблети, мобилни телефони и компјутери, наместо на забава и дружење со другарчињата.➤Физичка активност – камповите нудат низа на вежби, било тоа да се пливање, вежби на плажа... Вежбите го активираат кардиоваскуларниот систем и е од бенефит за здравјето на срцето и белите дробови.
➤Камповите предвидуваат поминување на повеќе време на сонце, а тоа значи екстра витамин Д.
➤Камповите не прават ПОСРЕЌНИ. Така е, сите рекреациони активности и дружења го подобруваат расположението. Се тоа поради серотонин, неверојатниот хормон кој телото го произведува да не направи среќни.
➤Камповите им помагаат на децата да станат одговорни, независни, самоуверени и мотивирани за понатамошни успеси во училиштето и во животот.