Translate

Monday, June 15, 2020


Македониум

Споменикот Илинден, уште попознат како Македониум е споменички комплекс во Крушево. 

Еден од најуникатните споменици во Македонија е откриен на 2 Август 1974 година, на триесетгодишнината на заседанието на АСНОМ и 71 годишнината од Илинденското востание.
Споменикот Илинден се протега на 12 хектари, а самиот Македониум, поставен на највисоката точка, завршува со купола на 1.320 метри надморска височина, од каде се протега извонреден поглед на Крушево, додека внатрешноста на куполата импресионира со своите релјефи.

Македониумот ја означува борбата, непокорноста и вечната стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава. 
А доколку Вие сакате да доживеете едно поинакво патувања низ убавините на нашата држава, тогаш ,,Запознај ја Македонија” е дефинитивно турата за Вас.

Wednesday, June 3, 2020

Смоларски водопад

Во северните делови на планината Беласица, на 600 метри надморска височина, во регионот на селото Смолари, се наоѓа Смоларскиот водопад.
 


Смоларе, како и сите села во Македонија, е мало и рурално место, во кое има едно од големиот број на природни богатства во нашата земја, а тоа се Смоларските водопади. За да стигнете до нив, потребно е да патувате по тесен и кривулест пат, по долниот тек на реката Ломница, позната и како Смоларска река, а кога ќе пристигнете таму за момент ќе останете неми од глетката.


Смоларскот водопад е највисокиот водопад во Македонија со висина близу 40 метри, кој инаку претставува единствениот постојан водопад во нашата земја со пад на водата од 39,5 метри.


Смоларските водопади се само ,,игла во сено”, односно мал дел од многуте природни богатства што нашата земја може да ги понуди. Велат, подобро е нешто да видиш еднаш, отколку за него да слушнеш илјада пати", затоа повелете заедно да ги видиме Смоларските водопади и другите природни убавини на Македонија во едукативната тура ,,Запознај ја Македонија”