Translate

Friday, March 6, 2020

4 причини за рана резервација за одмор


Сите со нетрпение го чекаме нашиот летен и зимски одмор, кадешто ќе одмориме од секојдневните обврски, метежи, вреви, ќе му се посветиме повеќе на семејството. 

Резервацијата на одмор има многу свои предности и недостатоци, па во прилог на тоа решивме да наведеме четри причини зошто е добра раната резервација за некое патување.



Причина бр.1 – Плаќање на рати

Како една од најважните причини би ја потенцирале околу финансискиот дел, односно плаќањето на рати. Дестинацијата којашто сакаме да ја посетиме некогаш знае да е многу поскапа, сума што неможеме да ја платиме одеднаш. Затоа, денес можеме да забележиме луѓе што со цел да не почуствуваат потешкотии во својот месечен или годишен буџет, си одбираат понуди кои што потоа во текот на целата си ја плаќаат на повеќе рати, а притоа ќе ја посетат посакуваната дестинација.



Причина бр.2 – Попуст

Постојат агенции кадешто по објавување на нивната понуда, нудат попуст од 10%, 15%...., па тие средства од попустот би ги искористиле на некоја плус екскурзија или пак би бил добредојден во месечниот или годишен буџет.


Причина бр.3 – Ограничениот број на места


Често пати сме посакувале да отидеме на некоја дестинација, ни била премногу привлечна и со поволна цена, меѓутоа поради атрактивноста на понудата бројот на местата се пополнил побрзо од предвиденото, па потоа жалиме за тоа што сме го испуштиле.

Причина бр.4 – Ослободување од грижата и стресот

Има луѓе кои размислуваат за одмор во текот на целата година. Некои пак, тоа го прават во последните моменти пред реализирање на аранжманот, па дали се имаме купено, па да ни недостасува нешто...Така да, како последна причина би ја наведиле ослободувањето од грижата и стресот.

.... и уште 1000 други причини кои би ги наведиле, но заклучокот е еден, колку порано одбереме понуда, толку подобро.






No comments:

Post a Comment