Translate

Friday, May 29, 2020

Крушево


Крушево е град во западниот дел на Македонија. Претставува единствен планински град во нашата земја на 1220 метри надморска височина и највисок град на Балканот.

Градот кој лежи на западниот планински раб на Пелагониската котлина, град на некогашната Крушевска Република е многу богат со историја и раскошна природа. Од тука потекнуваат Питу Гули, Никола Карев, Васил Иљоски, Тоше Проески и многу други истакнати дејци кои оставиле значаен белег во нашата историја.

Кога ќе отидете во Крушево, неизбежно е, а да не го посетите Мечкин Камен, место кадешто за време на Илинденското Востание се одиграла една од најзначајните битки за одбрана на Крушево и Крушевската Република, маалските тесни и стрмни сокаци, чаршиските мали и трговски дуќани, нејзината архитектура и традиционалната Крушевска куќа ќе Ве остават без здив.


Во Крушево се наоѓаат неколку познати и значајни музеи и заменитости. Спомен куќата на Тоше Проески, музеј на Народно Ослободителната Војна (НОВ), музеј на Илинденското Востание и Крушевската Република, Мечкин Камен, Македониумот итн.


Традицијата и историја е нешто што постојано треба да го негуваме и чуваме. Во програмата на Wonder Camp е предвидено посета на Крушево и нејзините заменитости, за кои многу од нашите деца не знаат и не слушнале, па поради тоа оваа тура е наречена ,,Запознај ја Македонија која е ЕДУКАТИВЕН карактер.