Translate

Monday, June 15, 2020


Македониум

Споменикот Илинден, уште попознат како Македониум е споменички комплекс во Крушево. 

Еден од најуникатните споменици во Македонија е откриен на 2 Август 1974 година, на триесетгодишнината на заседанието на АСНОМ и 71 годишнината од Илинденското востание.
Споменикот Илинден се протега на 12 хектари, а самиот Македониум, поставен на највисоката точка, завршува со купола на 1.320 метри надморска височина, од каде се протега извонреден поглед на Крушево, додека внатрешноста на куполата импресионира со своите релјефи.

Македониумот ја означува борбата, непокорноста и вечната стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава. 
А доколку Вие сакате да доживеете едно поинакво патувања низ убавините на нашата држава, тогаш ,,Запознај ја Македонија” е дефинитивно турата за Вас.

No comments:

Post a Comment